петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

„Блиц“ открива: Борјан Јовановски и Сашо Орданоски ќе земат пари од државата за филмски проекти

„Блиц“ открива: Борјан Јовановски и Сашо Орданоски ќе земат пари од државата за филмски проекти

Два скандали поврзани со трошењето на јавните пари се откриваат во шестата епизода на емисијата „Блиц“ на ТВ Алфа, која ќе се емитува вечерва во 22:00 часот, објави порталот Лидер.

Компанијата „Евро Вижн“, каде сопственици се новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска добила 5 милиони и 200.000 денари, односно 85.000 евра, од Агенцијата за филм.

Јовановски, во изјава за „Блиц“, со смеење одбива да одговори на прашањето колку пари ќе земе од сметката на граѓаните?

Пари од Агенцијата за филм која ја води Горјан Тозија, добила и компанија која го има ангажирано Сашо Орданоски како главен сценарист. За овој проект ќе се потрошат над 8 милиони денари или околу 130.000 евра.

Со новинарот Цветин Чилиманов, во емисијата се дискутира на прашањето: Дали се корумираат ли новинарите со овие филмски проекти?

Втора тема е трошењето во здравството, кое според експертите го очекува тотален крах. Министерот Филипче ќе ги фрли апаратите од лабораториите. Испитувања ќе се прават само на 8 локации во земјава, здравството ќе се блокира за некој да добие тендер од 35 милиони евра.

Коронавирус