четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Блерим Река предложен за министер за надворешни работи на Косово

Блерим Река предложен за министер за надворешни работи на Косово

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, пред состанокот со претседателот Хашим Тачи за да го добие мандатот за премиер на Косово, излезе со конкретни предлози за Демократската лига на Косово, со што ги објави имињата на петте министри што тој одлучи да ги кандидира во коалицијата.

Меѓу имињата на 5-те кандидати за министри номинирани од Курти, истакнато е името на кандидатот за претседател на минатогодишните претседателски избори во Македонија, професорот Блерим Река.

Курти го предложи името на професорот Река на чело на Министерството за надворешни работи. Додека другите четири имиња што ги објави Курти се: Вицепремиер Хаки Абази, Министер за правда Албулена Хаџиу, Министер за финансии Бесник Бислими, министер за економија, трговија и индустрија Розета Хајдари и Министер за здравство и спорт Арбен Витија.

Коронавирус