недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Блерим Река – македонски претседател не стана, од денеска ќе биде косовски министер за евроинтеграции

Блерим Река – македонски претседател не стана, од денеска ќе биде косовски министер за евроинтеграции

Проф. д-р Блерим Река, човекот кој влезе во трка за македонски претседател, денеска ќе биде изгласан за косовски министер за евроинтеграции. Река беше кандидат за претседател на државата поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на изборите кои се оддржаа пролетта на 21 април 2019 година.

Претседателството на косовското Собрание за денеска закажа пленарна седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово. Собраниската седница е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на партијата победничка на октомвриските избори, движењето Самоопределување на Албин Курти. Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет. Приштинеските медиуми ги објавија имињата на 15 министри. Шеф на дипломатијата ќе биде Глаук Коњуфца, актуелен претседател на Собранието, а министер за европски интеграции Блерим Река.

Најнови вести

Коронавирус