понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 85
home Вести

Благајничката на Камчев: Во домот на Камчев однесов две спортски торби со 710.000 евра

Благајничката на Камчев: Во домот на Камчев однесов две спортски торби со 710.000 евра

Мирјана Бошковска, девизен референт и благајник во „Орка холдинг“ во моментот сведочи на судењето за случајот „Рекет“, а пред неа сведочеше Ана Камчева.

Таа пред судот појасни како ги вадела парите од приватните сметките на Камчеви.

-Во декември 2018 година во три наврати извадив пари од приватните сметки на Ана Камчева и од сметката на Ратка Камчева. Извадив 12 милиони денари, 5 милиони евра и нешто повеќе од 5 милони денари. Откако ги сменив во евра, со обезбедување ги однесов во домот на Камчев, рече благајничката.

Таа појасни и дека во февруари извадила поголема сума на пари.

-Во еден ден, во два наврати, извадив 18 милиони денари од сметката на Кристина, сестрата на Орце Камчев, и 21 милион денари од сметката на Ратка Камчева. Со обезбедување ги однесов во домот на Камчев и влеговме од задната врата. Влеговме во кабинетот на Камчев, и ги пребројавме парите. Ги средивме, направивме спецификација, и парите ги ставивме во торба. Потоа обезбедувањето ме однесе, рече Бошковска.

Таа додаде дека 80% од банкнотите биле по 50 евра.

Таа на прашањата на адвокатот Сашко Дуковски истакна дека во домот на Орце Камчев не го видела обвинетиот Бојан Јовановски.

На прашањето на Јовановски, во што точно ги донела парите во домот на Камчев, таа рече: „Беа во две спортски торби, едната поголема, а другата помала.

Тогаш Јовановски праша како е можно пари од две торби да бидат сместени во една торба, сведокот рече дека кога ги носела во менувачница, денарите биле многу, а потоа откако биле сменети во евра, торбите не биле полни. Таа одговори дека во торбите носела вкупна сума од 710.000 евра.

 

Коронавирус