петок, 4. декември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Бизнисот со мигранти поисплатлив од тој со дрога

Бизнисот со мигранти поисплатлив од тој со дрога

Сирија, Авганистан, Ирак, се само дел од воените жаришта на Блискиот Исток.

Милиони луѓе останаа без домови, но и стравуваат за своите животи и за животите на своите деца, па затоа ги напуштаат своите земји и решаваат животот да го побараат во некои од развиените европски земји.

Преку Турција и Грција па се до Македонија која е земја транзит за мигрантите.

Во моментов грчко-македонската граница е обезбедувана од армиите на двете држави баш поради мигрантската криза која ја обиколи Европа.

Мигрантите се стационитани на грчка страна и не е дозволено премин понатаму.

Поради тоа се повеќе мигранти се осмелуваат границата да ја поминат преку нелегалните канали.

Ова беше како идеја за нов бизнис во нашето подземје, па се фатија за работа.

Нелегалниот превоз на мигранти најчесто се прави со автомобили со поголема моќност на моторот, бидејќи на пример во едно „Ауди А8“ може да собере повеќе од 15 мигранти. Превозот се врши и со комбиња и камиони, но не често бидејќи може лесно да бидат фатени.

Само од почетокот на оваа година МВР успеа да спречи илијадници мигранти да преминат преку Македонија низ нелегалните канали. Но организаторите на овие групи кои превезуваат мигранти се сеуште на слобода.

Фатени се возачите на возилата, нивните предходници-популарно кажани чистачи и уште некои ситни риби.

Според некои меѓународни извештаи нелегалните шверцери на мигранти земаат минимум 500 евра по човек, а за малолетно дете сумата стига и до 1000 евра. Па така доколу во едне автомобил има 15 мигранти и истите платиле по 30.000 денари тоа ќе бидат 450.000 денари или околу 7.500 евра тура.

Вчера во камиот беа фатени 79 мигранти меѓу нив и малолетни деца, во случај сите да платиле по 30.000 денари крајната сума ќе биде нешто повеќе од 2.3 милиони денари или околу 39.000 евра, а во овој случај сумата расте бидејќи цената за шверц на малолетни деца е повисока.

Од тука слободно можеме да заклучиме дека овој бизнис со мигранти кој зема се поголем замав станува далеку поисплатлив од оној со дрога, бидејќи сумата по лице е поголема, а времето за извршување е помало.

Но да видиме што кажува македонскиот Кривичен законик за оваа проблематика.

Член 418-б став 2 и 3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија вели дека

– Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години

– Ако при вршењето на делата од ставовите 1 и 2 е загрозен животот или здравјето на мигрант, или со мигрантот се постапува особено понижувачки или сурово, или се спречува тој да ги користи правата што му припаѓаат според меѓународното право, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години

Па оттука е јасно зошто возачите на возилата изрипуваат и ризикуваат да биде загрозена нивната и безбедноста на мигрантите.

Став 4 од истиот член од Законот вели:

– Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

Па поради ова цената за превоз на малолетник-мигрант е поголема.

Член 418-в од Кривичниот закон на РСМ вели:

– (1) Тој што организира група, банда или друго здружение за вршење на кривични дела од членовите 418-а, 418-6, 418-г и 418-д ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Тој што ќе стане припадник на група, банда или друго злружение од став 1 или на друг начин ја помага групата, бандата или здружението, ќе се казни со затвор најмалку една година.

(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа, ќе се ослободи од казна.

(4) Тој што повикува, поттикнува или поддржува извршување на кривичните дела од членовите 418-а, 418-6, 418-г и 418-д, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Па според овој Член од Законот доаѓаме до заклучок зошто организаторите на овие групи добро се кријат.

Заклучок:

Цената на чист кокаин како најскапа дрога во Македоја се движи до 18.000 денари за грам (ретко кој може да плати за оваа услуга) најчесто се плаќа од 50 до 70 евра за грам, а цената по мигрант е повеќе од 30.000 денари, речиси дупло од онаа за најскапиот грам кокаин. Па оттука бизнисот со мигранти станува лидер во нелегалните бизниси во Македонија.

Коронавирус