петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Бизнис форум за ревитализација на соработката меѓу Македонија и Иран

Бизнис форум за ревитализација на соработката меѓу Македонија и Иран

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи Бизнис форум и деловни средби со бизнис делегацијата од Исламската Република Иран.

На Бизнис форумот ќе учествува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Како што информираат од Стопанската комора, бизнис форумот има за цел ревитализација на економските врски и интензивирање на меѓусебната соработка меѓу двете земји.

Форумот го организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Исламската Република Иран во Република Македонија и Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство.

Коронавирус