сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Битолчани со порака до Заев: Оставка!!!

Битолчани со порака до Заев: Оставка!!!

Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“,попладневно ВМРО ДПМНЕ организираше протест и во Битола.. Собирното место беше пред зградата на влдеачката партија и од таму со возила тргнаа и продолжија по улиците Кирил и Методиј – Бул. 1-ви Мај – Васко Карангелевски – Партизанска – Климент Охридски.Бараат оставка од премиерот Зоран Заев.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои.

Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро“, беше речено на протестот.

Вакви протести како што најавија вечерва и во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп и Охрид.

Протестот заврши пред споменикот на Стив Наумов .

Коронавирус