сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Битола вечерва најзагаден град во Македонија: Гневни граѓани ја пречекаа градоначалничката на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Битола вечерва најзагаден град во Македонија: Гневни граѓани ја пречекаа градоначалничката на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Легендарната актерка Клаудија Кардинале и оскаровецот  Роџер Дикинс денеска се гости во Македонија, но за жал гости во најзагадениот град во Македонија, со ниво на загаденост далеку од нормално за временски услови какви што во моментов ги има во Битола.

Имено загаденоста во градот Битола, каде што се одржува Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е 90 ПМ-10 честички.

Граѓаните велат дека е загрижувачки што состојбата со загадувањето во овој град е ваква, како и тие велат дека вакво ниво на загаденост досега немало на вакви температури.

Тие денеска својот гнев поради оваа состојба го изразија токму пред црвениот тепих на фестивалот „Браќа Манаки“, каде што потсетија што зборуваше сега владејачката, а тогаш опозициската партија за загадениот воздух, иако состојбата не беше до овој степен загрижувачка.

-Како беше она, каков воздух дишат битолчани, напишаа тие, алудирајќи на обвинувањата кои ги даваше сегашната градоначалничка Наташа Петровска, за чист воздух во градот.

Оваа порака од гневните битолчани ја виде и градочалничката Наташа Петровска, која се појави на црвениот тепих.

ФОТО: Тера.мк

Тие ја прашаа градоначалничката и дали знае каков воздух дишат битолчани.

Со реакција на Фејсбук излезе и претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Иванчо Тошевски.

-ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВЕЧЕРВА ГО “ИСЧИСТИ” ВОЗДУХОТ ВО БИТОЛА. “Големите борци” за чист воздух вечерва дефилираа на црвен килим додека Битола во моментов е најзагаден град во Македонија, напиша тој во статус на Фејсбук.

Инаку, токму загадениот воздух беше она за што СДСМ додека беше опозициска партија најмногу обвинуваше, а состојбата во последниот период како што велат вечерва битолчани е само влошена, а никако подобрена.