сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 31
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Вести

Битола повторно најзагадена, а западна Македонија стана опасно место за живеење

Битола повторно најзагадена, а западна Македонија стана опасно место за живеење

Македонија и утрово дише загаден воздух, а „рекордер” е Битола.

Следат Миладиновци, Кочани, Ректорат и Гази Баба.

Инаку, деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека Скопје веќе не е загадено како порано, додека вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека вонредни мерки не се потребни.

– Свесни сме дека нивото на загадување на воздухот е висока. Но, се уште не е над прагот, каде што треба да ги активираме т.н. вонредни мерки, но секако посветени сме и работиме на намалување на нивото, рече тој за воздухот.

Загадено беше и во Тетово, Кичево и Гостивар.

Коронавирус