вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Битола потресена од скандалот на Гинекологија – невработено лице извршил царски рез

Битола потресена од скандалот на Гинекологија – невработено лице извршил царски рез

Двајца лекари гинеколози се суспендирани на битолската Гинекологија откако едниот од нив ја повикал својата сопруга која инаку е странски државјанин и невработен гинеколог да учествува во изршување на породување со царски рез на една жена. Извори за „Независен“ велат дека еден од гинеколозите за време на породувањето ја внесол својата сопруга и целата работа со породувањето и ја оставила на неа. Овој скандал според информациите на „Независен“ се случил во почетокот на јануари, оваа година.

По скандалот кој го стресе одделението за гинекоголија на Битолската болница, еден од вработените во таа болница го пријавил случајот во полицита. Од СВР Битола за „Независен“ неофицијално го потврдиле случаот и изјавиле дека се подготвуваат кривични пријави за двајцата гинеколози.

Еден од суспендираните гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев. Тој за „Независен“ потврдил дека е суспендиран, но не ги изнел деталите.

Инаку, породувањето на крај било успешно и затоа роднините на родилката не изреагирале на овој скандал.

 

ЕУРО 2020

Македонија