недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 93
home Вести

Битката со коронавирусот ја загубија уште 14 лица, регистрирани се 62 нови случаи

Битката со коронавирусот ја загубија уште 14 лица, регистрирани се 62 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.

Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:
Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.

Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636, информираа од МЗ.

ЕУРО 2020

Македонија