понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Битиќи контра Бектеши: Етничката основа не е клуч за развојна, модерна и конкурентна економија

Битиќи контра Бектеши: Етничката основа не е клуч за развојна, модерна и конкурентна економија

По изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој му порача на владиниот партнер и лидер на БЕСА, Билал Касами да ја прочита владината програма страна 39 параграф 3, вечерва во интервју за Телевизија 24, заменикот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа што го сочинува параграфот 3 и рече дека клучот по етничка основа не одговара на модерна развојна и конкурентна економија.

-Во владината програма стои дека „Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории на граѓани со различности во нашата економија“, истакна Битиќи.
Битиќи потоа потврди дека клучот по етничка основа не може да биде клуч кој одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста е клучот за сето тоа, а афирмативни мерки треба да има за сите граѓани.

Треба да се фокусираме на економија,економија и економија затоа што само тоа ќе донесе подобар живот, истакна Битиќи говорејќи за тоа како треба да биде насочена владината стратегија.

Коронавирус