недела, 20. септември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Бислимоски се луксузира врз грбот на граѓаните, парите од покачената струја се даваат за кафе од пола милион денари

Бислимоски се луксузира врз грбот на граѓаните, парите од покачената струја се даваат за кафе од пола милион денари

И додека СДСМ, преку претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски ја покачија цената за 7,4 проценти, а со тоа се оптовари секое семејство за дополнителни во просек околу 2.200 денари на годишно ниво, Регулаторната прави набавки во вредност од пола милион денари само за кафе.
На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас за набавка на кафе и чај од стана на Регулаторната комисија за енергетика во износ од скоро пола милион денари. Регулаторната комисија на чие чело е Марко Бислимоски, личност која важи за блиска до СДСМ или како што велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев преку него ги реализира сопствените интереси и интересите на семејството Заеви. За тоа има и доказ, во јавноста кружи слика како Бислимоски е чест гостин во нивниот штаб.

Инаку, владата континуирано се жали дека нема пари и дека константно се задолжува за да ги сервисира обврските. Но, затоа очигледно институциите воопшто не отстапуваат од своите луксузирања и трошење без усул на народни пари во време на пандемија и економска криза. Се трошат народни пари за набавки кои не се неопходни. Дополнително граѓаните се оптеретуваат пак со повисока цена на струјата.

Токму за одлуката на Регулаторна за покачувањто на струјата има речиси секојдневно протести. Протестираат граѓани низ сите градови, а на лагите кон народот во контекст на цената на струјата потсети и ВМРО-ДПМНЕ, а организираше и протести.

Коронавирус