среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Бишевац: Заев ветуваше јавен обвинител на предлог на опозицијата

Бишевац: Заев ветуваше јавен обвинител на предлог на опозицијата

Зоран Заев вети дека јавниот обвинител ќе го предлага опозицијата, тоа е лага. Второ настојувањето на актуелната власт да ги вдоми сите оние кои беа дел од СЈО кои намерно беше уништен, по она што и се случи на Катица Јанева и во тоа СДСМ има своја улога и тоа мора да се признае, смета новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5.

Во однос на законот за јавно обвинителство Бишевац смета дека целта на преодните и завршните одредби се со цел да се вдомат обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, кои според него немаат никаков кредибилитет по обелоденување на скандалот за доделување на бонус додатоци. Целта на преодните и завршните одредби со Закон за јавно обвинителство е тоа, да се вдомат јавните обвинители од СЈО во новото обвинителство. Но со она што се дозна за бонус додатоците, обвинителите од СЈО веќе немаат никаков морален кредибилитет, рече тој.

Коронавирус