среда, 30. септември 2020. Вести денес: 38
home Вести

Бишевац: Заев до последно ја штитеше Катица Јанева

Бишевац: Заев до последно ја штитеше Катица Јанева

До последен момент Катица Јанева беше бранета од врвот на оваа власт, од врвот на оваа држава и како личност, но и како специјален јавен обвинител, вели новинарот Сафет Бишевац во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Бишевац смета дека судбината на Катица Јанева е веќе договорена, односно како што рече тој, оние кои што се моќни и гарантираат одреден период да помине во затвор, но на сметка на тоа да молчи.

-Зоран Заев не дозволи тронка да падне на Катица Јанева до последниот момент додека можеше да го брани тоа. По објавувањето на приказните на Геровски и особено по објавување на снимените разговори во Ла Верита таа беше завршена прикаска со СЈО. Но, да не заборавиме дека сега дознаваме дека дел од тие работи се знаеле три четири месеци пред тоа. имало истрага но тогаш сериозен политичар ќе внимавал што ќе каже. Не може да ја браните до последен момент и после да кажете таа е единствената виновна, односно мислам дека станува збор за уште пострашна работа дека судбината на Катица Јанева е веќе решена. Таа е договорена и не може да се договара со било кој, туку се договара со оние кои што се моќни да и го гарантираат тоа, дека таа ќе биде одредено време во затвор на сметка на нејзинот молчење, вели Бишевац.

Според Бишеваќ, случајот Рекет ќе добие правен епилог, но на власта останува да докаже дека целата операција ја смислиле Боки 13 и Јанева, посочувајќи дека таква операција на криминал не е возможна без силна политичка поддршка.

-Каков таков правен епилог ќе добие. Но, ќе остане голема дамка на власта и Владата да докаже дека целата работа ја смилиле Боки 13 и Катица Јанева. Таква операција е невозможна без силна политичка силна поддршка, кажа Бишевац.

Коронавирус