петок, 4. декември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Бишевац: Во „Рекет 1“ се вмешани функционери од владејачката гарнитура на СДСМ

Бишевац: Во „Рекет 1“ се вмешани функционери од владејачката гарнитура на СДСМ

„Рекет 1“ не е приказна која ја смислиле и ја операционализирале само тие Зоран Милески Кичеец, Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е многу поголема игра во која се покажува од други случаеви дека сериозно влијание имала и политиката и поединци од актуелната владејачка гарнитура, истакна новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Бишевац посочи дека во моментот кога обвинетите во случајот „Рекет“ сфатиле дека ќе бидат жртвите во целиот случај почнале да ги вадат, како што рече тој, „асови“ од џеб.

-Мислам дека во моментот кога сфатија дека тие ќе бидат жртвувани, практично пред олтарот на правдата, за овој случај и Катица Јанева со своето однесување кон поранешната соработница Стефанова, а мислам дека и Бојан Јовановски со назнаките дека и тој има некакви „асови“ во ракавот, со јавно искажаните ставови за вмешаноста на Вилма Русковска во некаков си тендер од вкупно 4 милиони, изјави тој.

Коронавирус