понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 63
home Вести

Бишевац: Владата на Заев се темели на лаги и популизам, Николовски како и досега ќе остане дел од коруптивниот систем, нема да се бори против него

Бишевац: Владата на Заев се темели на лаги и популизам, Николовски како и досега ќе остане дел од коруптивниот систем, нема да се бори против него

Немам верба во Зоран Заев. Премногу пати тој човек кажа едно, а излезе сосема друго. Начинот на кој функционира оваа негова гарнитура се базира на лагата и популизмот, изјави новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во „Само Вистина“ на Канал 5, говорејќи дека оваа влада нема да се бори против корупцијата и дека местото вицепремиер за борба против корупција е само шминка.

Бишевац потенцира дека Љупчо Николовски кој е задолжен за борба против корупцијата е шеф на изборен штаб во неговата партија и дека како таков ќе остане дел од коруптивниот систем.

– Не постои човек кого ќе убедите дека на избори нема корупција. Не постои, а особено ја користи власта. Тој нема да се бори против корупцијата, ќе функционира како и досега, ќе биде дел од тој коруптивен систем, истакна Бишевац.

Во однос на пофалбите на Николовски за спроведените акции, Бишевац, вели дека четири години се власт, а ништо не забележале и сега се фалат откако тоа го забележале новинарите.

– Замислете денеска вицепремиерот за борба против корупција Николовски на Фејсбук објаснува за контроли. Тоа е лага. Тој реагираа на стории објавени од новинари за начинот на кој Царината и власта реагираат пред објавување на овие стории за трговија со се и сешто. Четири години се на власт не го забележале проблемот, реагираа откако беше обелоденето. Си ја припиша заслугата како за 30 кг путер, нагласи Бишевац.

ЕУРО 2020

Македонија