вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 11
home Вести

Бишевац: Само слепите подржувачи на Заев ќе кажат дека се случила реконструкција на владата

Бишевац: Само слепите подржувачи на Заев ќе кажат дека се случила реконструкција на владата

Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија и новинар Сафет Бишевац, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека само слепите подржувачи на премиерот Зоран Заев ќе кажат дека се случила реконструкција на владата.

Тој вели дека реформите се едвај видливи и многу далеку од очекувањата на граѓаните.

-Прашањето е зошто Заев реши да се откаже од Тевдовски иако пред само два дена зборуваа во суперлативи за финансиските резултати на владата?

Бишевац вели дека суштината е прашањето- зошто го разреши Тевдовски, а го постави за советник, и сега истиот тој човек од чија работа не е задоволен, треба да го советува.

Тој вели по се изгледа Заев не можел да најде адекватен човек кој ќе ја извршува оваа работа.

-Состојбата на економски план е практично камен на вратот на оваа влада, можеби Заев има друг план, можеби имало работи со кои што Тевдовски не се согласувал, ако долгот надминува 50 % од БДП вие сте во сериозна економска криза, вели Бишевац.

Коронавирус