понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 145
home Вести

Бишевац: Посетата на Заев е празна посета во Брисел, Македонија е држава која што функционира на системот на корупција, таа почнува од премиерот

Бишевац: Посетата на Заев е празна посета во Брисел, Македонија е држава која што функционира на системот на корупција, таа почнува од премиерот

„Посетата на премиерот е празна посета во Брисел и на македонската делегација. Овој заклучок го темелам на она што го имаме како информации од нашите медиуми и од социјалните мрежи. Тоа дека ЕК е за почеток на преговори со Република Македонија не е никаква новост, таа препорача да се почнат преговорите со Република Македонија“, истакна Сафет Бишевац, поранешен новинар при гостување во „Само вистина“.

Бишевац додаде дека се што се слушна и прочита преку медиумите од посетата на Заев во Брисел не е ништо ново.

„Бугарија е само врвот на санта мраз. Начинот со кој Владата на Зоран Заев раководи со државата во овој период покажува серија системски слабости, пред се тука мислам на огромниот степен на корупција, назадувањето во реформите во правосудството, некако лош обид практично само обид на крајот на краиштата мислам дека станува збор за некаква обланда на некакви наводни реформи во образованието. Исто така имаме ужасна ситуација во земјата на економски план, да не ја заборавиме и КОВИД пандемијата. Така да Македонија практично е во една многу тешка економско, политичка и секаква ситуација“, појасни Бишевац.

Бишевац посочи дека токму оваа тешка ситуација ја забележува и ЕУ во Македонија.

„Во Македонија не има, туку има многу, многу повеќе корупција. Македонија е држава која што функционира на системот на корупција. Таа почнува од првиот човек на извршната власт па до таму некаков бирократски службеник или чистач во некоја од поважните институции“, нагласи Бишевац.

ЕУРО 2020

Македонија