петок, 4. декември 2020. Вести денес: 100
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Бишевац: Однесувањето на Пендаровски е недозволиво, тој покажа нервоза, обвинува за некакво следење од тајни служби

Бишевац: Однесувањето на Пендаровски е недозволиво, тој покажа нервоза, обвинува за некакво следење од тајни служби

Поранешниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац, во гостувањето во Само Вистина на Канал 5 упати низа на жecтоки критики кон актуелната власт, но и кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. Според Бишевац на самиот почеток Пендаровски покажал доза на нервоза, напоменувајќи ја неговата изјава дека наводно го следат некакви си странски служби. Бишевац покрај критиките упатени кон претседателскиот кандидат на СДСМ, го искритикува и непотизмот, против кој како што вели тој СДСМ како опозиција се борело. Бишевац го критикуваше и СЈО кое според него не ги исполнило неговите очекувања.

-Еве ќе ви кажам накратко, ме изненади агресивноста на Силјановска, мислам позитивно, не мислам дека тука е негативно тоа . Кампањата е веќе почната, неформално, но веќе е почната. И ме изненади нервозниот пристап на Пендаровски на старт, во смисла дека е следен од тајни служби. По мене тоа за еден кандидат на владеачката коалиција тоа е недозволиво и несериозно, вели Бишевац.

Коронавирус