петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Македонија со Заев е пропадната држава

Бишевац: Македонија со Заев е пропадната држава

Ова што го прави Бугарија е и реалзиација на бугарскиот сон за голема Бугарија, рече аналитичарот Сафет Бишевац на гостувањето во емисијата Студио 10 што се емитува на телевизија 24 коментирајќи ја блокадата на Бугарија за почеток на преговори на Македонија со Брисел.

Според Бишевац недовербата кон Зоран Заев е оправдана.

„Нема нешто за што Заев кажал и го исполнил. Тој континуирано лаже ,се колнеше, а продаде се почнувајќи од Договорот со Преспа. Еве нели сме членка на НАТО и ќе доаѓаа инвестиции, нема ништо. Ние сме целосно на дното. Заев се покажа само како извршител на влијателните земји“, рече Бишевац.

Ова што сега сега се случува е далеку од тоа што Заев го ветуваше пред да дојде на власт, посочува Бишевац.

„Заев ветуваше правда и мир, а нема ништо , втората работа е вњлеше дека ќе има инвестиции овде нема ништо никакви инвестиции. Ова е пропадната држава од сите аспекти, нема пасочи, лични карти, регистарски таблички“, рече Бишевац.

Коронавирус