сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Катица Јанева не е врвот на криминалната пирамида, туку е вмешана и политиката

Бишевац: Катица Јанева не е врвот на криминалната пирамида, туку е вмешана и политиката

Аналитичарот Сафет Бишевац во гостување во емисијата Отворено на ТВ 24 вели дека во случајот „Рекет“ е вмешана политиката како моќ и дека на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е обвинета за вмешаност и е даден одреден временски период а зошто и е даде одреден временски период најдобро знае Обвинителството кое што на време не реагираше за нејзината вмешаност во овој криминален скандал кој што ја тресе Република Македонија.

Мораме да признаеме сите дека Катица Јанева доби одреден временски период на располагање. Но, зошто тоа го знаат тие што и го дале. Колку што разбрав од изјавите е последните 10 дена, тоа не е случајно, вели тој.

Бишевац додава дека Kатица Јанева не е врвот на криминалната пирамида туку директно е вмешана политиката како моќ.

Немојте да ме убедувате или јас треба некој да убедувам дека Катица Јанева е врвот на таа пирамида и дека таму нема политичка моќ. Не велам дека е Зоран Заев, но секако има политичка моќ на која таа претендирала, ја ползува, ја корист во тоа што го работи заедно со Боки 13. Таму е вмешана политиката како моќ.

Коронавирус