сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Бишевац: Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Нашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни треба многу време, но не треба да потрошиме 4 години, а за овие 4 години ништо не е сменето, рече Сафет Бишевац на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ говорејќи за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев и за случајот Мијалков.

Според него има премногу заложби и акциски планови, потребни се активности.

„Нас такви планови и акциски планови за ваква или онаква борба не ни е проблем, проблем е што се останува на акциски план. Големи беа заложбите за Антикорупциска и сега се заглави во предмети, многу подобро ќе беше да се фати за неколку предмети за претставници на естаблишментот и да сработи. Несомнено е и политичкото влијание врз некои случаи. Има пресуда против претседателката на антокорупциска за непочитување на законски рокови сега следува тужба и за Комсијата. Не мислам дека денес објавениот план ќе го смени клучниот впечаток, а тоа е дека Македонија тоне во корупција тоа го покажуваат и рангирањата како на пример на Транспаренси“, вели Бишевац.

Според него, ако владин функционер рече тоа е само перцепција треба да заврши неговата кариера.

„Не може за вакво рангирање на Транспаренси да се каже дека е само перцепција и тоа да го каже. Власта и премиерот се најодговорни за направеното и ненаправеното“, додава Бишевац.

Коронавирус