недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

БИРН: Другарот на Заев си доби бизниси од Владата – под закуп зел 14 бифеа на државни институции

БИРН: Другарот на Заев си доби бизниси од Владата – под закуп зел 14 бифеа на државни институции

Стојан Иванов, другарот од детството на премиерот Зоран Заев, добил уште еден партнерски бизнис со Владата. Од летоска, возачките испити во струмичкиот регион се полагаат кај Иванов, додека БИРН сега открива оти овој струмичанец на почетокот од годинава зел под закуп и 14 бифеа распоредени по министерствата и во неколку државни институции.

Владата го релативизира ова другарство, оттаму ни рекоа дека премиерот има пријателски релации со сите соученици од средно школо, меѓутоа Стојан Иванов беше прилично искрен во разговорот со нас во Струмица.

– Како мали игравме фудбал! Учевме во истиот клас во средно и до ден-денес сме пријатели. За мене пријателството е света работа. Си одиме по родендени, слави, си бевме на свадбите и заедно сме биле и на одмори, сето тоа и пред да стане градоначалник.

Меѓутоа, ниту Заев ми помогнал, ниту имав потреба да помага. Тој не знаеше кога и каде сум конкурирал – дециден е Иванов.

И од кабинетот на премиерот ги отфрлаат сомнежите дека тука постои фаворизирање по пријателска основа или кронизам.

Македонија е мала земја, народски кажано, сите се знаеме и затоа кронизмот некогаш може да биде случаен или неизбежен. Сепак, истражувањето на БИРН открива дека Иванов претходно никогаш не конкурирал за бизнис поврзан со државата, меѓутоа годинава тоа го направил во два наврати.

Целата сторија на БИРН.

Коронавирус