среда, 14. април 2021. Вести денес: 145
home Вести

Биле на одмор во Занзибар, па се вратиле во Македонија со коронавирус- ќе се испитува дали брачен пар е заразен со јужноафриканскиот сој

Биле на одмор во Занзибар, па се вратиле во Македонија со коронавирус- ќе се испитува дали брачен пар е заразен со јужноафриканскиот сој

Дали по Британскиот на повидок е присуство и на Јужноафриканскиот сој на Корона вирусот, во Македонија откако 65 годишен битолчанец, кој по петнаесет дена одмор на Занзибар, заболел од Ковид 19 и моментално се наоѓа во Центарот за дијализа во Струга.

Тој на одмор во оваа африканска земја бил заедно со неговата сопруга, која исто така е болна од Ковид и се наоѓа во болницата Осми септември во Скопје.

„Петнаесет дена престојувал во Занзибар, а последните два дена имал симптоми, кои се суспектни за Ковид 19. Пациентот сега е стабилен. Афебрилен е моментално. Рентгенски има една почетна состојба на бронхопневмонија еднострано. Има покачен цр протеин кој е маркерна инфекција. Температура за сега нема. Изолиран е. Дијализа сѐ уште немаме започнато“, вели Ацо Попоски-директор на Центар за дијализа Струга.

По земените мостри анализите во МАНУ ќе треба да докажат дали е присутен јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Коронавирус