сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Билал Касами: Владата веќе нема кредибилитет, Заев да собере храброст и да распише предвремени избори

Билал Касами: Владата веќе нема кредибилитет, Заев да собере храброст и да распише предвремени избори

Најновите политички случувања во земјава ги коментираше лидерот на партијата Движење Беса, Билал Касами во интервју за ТВ-емисијата „10 минути“ на телевизија 21.

Тој рече дека Владата веќе нема кредибилитет и дека скандалот во Специјалното јавно обвинителство е најголем неуспех и разочарување на македонските граѓани и тоа ќе ја кошта земјата во понатамошните аспирации на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

– За жал во случајот со Македонија важат законите на Марфи. Кога мислиш дека не може полошо овие луѓе во власта те изненадуваат со нешто уште полошо. За жал апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал кој и се случи на оваа Влада. Влада која се очекуваш да биде надеж, излезе дека е најголемиот неуспех и разочарување на македонските граѓани, истакна Касами.

Лидерот на БЕСА Касами рече дека сега е време за предвремени парламентарни избори, дека граѓаните ја изгубиле вербата во оваа моќ.

– Ако сега не е време за предвремени парламентарни избори, тогаш јас не знам кога во Македонија било понеопходно да се организираат предвремени избори. Во моментите кога граѓаните ја изгубија и последната надеж дека оваа Влада може да го води интегративниот процес, јас мислам дека премиерот Заев треба да собере храброст и да распише предвремени избори. Затоа што граѓаните на Македонија навистина имаат потреба од нова елита политичари и државници кои ќе работат за иднината на евроатланска Македонија, констатираше лидерот на Движењето Беса, Билал Касами.

Коронавирус