сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Вести

Бидете внимателни: Сообраќајот на патот Дебар-Маврово по една коловозна лента

Бидете внимателни: Сообраќајот на патот Дебар-Маврово по една коловозна лента

На 16.10 од 12:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за ПМВ се одвива наизменично по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус