петок, 4. декември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Бидете внимателни: Кружат лажни наградни игри на Интернет, во опасност се личните податоци на Македонците

Бидете внимателни: Кружат лажни наградни игри на Интернет, во опасност се личните податоци на Македонците

„Македонски Телеком“ денеска ги предупреди своите корисници да не учествуваат во наградна игра за која им стигнуваат пораки на нивните телефони бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци.

-Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или т.н Phishing комуникација, на којашто се објавуваат неточни информации во име на нашата компанија. „Телеком“ се оградува од овие пораки и им препорачува на корисниците да не учествуваат во наградната игра поради ризик од злоупотреба на нивните лични податоци, велат од компанијата.

Коронавирус