петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Одрони на патот од Делчево кон М.Каменица (ФОТО)

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Одрони на патот од Делчево кон М.Каменица (ФОТО)

Ситни и поголеми одрони го попречуваат сообраќајот на магистралата А3 во правец од Делчево кон Македонска Каменица.

Одроните се најизразени веднаш по свиокот кај делчевскотo село Очипала, додека појавата е забележлива на околу 20 места долж патниот правец.

Поради ова сообраќајот се одвива отежнато, на места возачи прават пат да се овозможи движење на едниот дел од коловозот.

Екипи на Македонија пат веќе се на терен и дополнително ги отстрануваат помалите одрони на дел од патот. Оттаму апелираа на крајна внимателност и прилагодување на брзината со условите на патот.

Коронавирус