понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Вести

Бидејќи немаат ништо сработено, Заев се фали со проекти реализирани пред шест години

Бидејќи немаат ништо сработено, Заев се фали со проекти реализирани пред шест години

Премиерот Зоран Заев, во недостаток на реализирани проекти и дела, почна да промовира стари остварувања, кои тој не ги има направено.

Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, вчера присуствуваа на свеченост по повод пуштање во употреба објекти за снабдување со здрава и квалитетна вода за пиење во општина Пробиштип.

Премиерот Заев посочи дека со ова се решава проблемот со водоснабдувањето за жителите на општината и додаде дека проектот во вредност од 1.200.000 евра е остварен со учество од 600.000 евра од Владата и исто толку од владата на Словенија и словенечкиот Центар за меѓународен развој и соработка.

-Со намера оваа поддршка да добие уште поцврста системска структура, на една од последните седници на Владата донесовме одлука за формирање меѓуресорска работна група задолжена за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој,  рече Заев.

Сето ова ќе беше нешто за кое премиерот заслужува пофалба, но овој проект е реализиран далечната 2013-та година. Филтерстаницата која вчера ја промовираше премиерот е во функција веќе шест години.

Изгледа, при посетата на Пробиштип, Заев сфатил дека таму нема што да промовира бидејќи откако “дојде животот“ не е остварено ниту едно големо ветување за пробиштипјани. Нема проекти, нема инвестиции.

Инвестицијата која ја посети Заев е на инвеститор дојден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Договорите беа склучени и промовирани од високи претставници на минатата Влада.

По настанот се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат:

Коронавирус