понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 50
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

„Би било многу незрело да одиме со непрочистен изборен список на избори кои значат легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, вели Деркоски

„Би било многу незрело да одиме со непрочистен изборен список на избори кои значат легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, вели Деркоски

„Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите поединечен акт кој што се носи кај Претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата“, посочи претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој додава дека тие како Комисија не смеат да лицитираат со датум за избори, туку можат само да укажат на тоа кое го кажува Изборниот законик.

„Бевме прашани минатиот пат до каде стигнавме, ние кажавме дека не го заклучивме избирачкиот список и сега ако се водиме по она кое пред некоја година беше главен камен за сопнување кај сите политички партии како избирачкиот список, фантоми, па се правеше теренска проверка, се бараа фантоми кои не се најдоа, би било многу незрело да одиме сите како држава со неажуриран, непрочистен изборен список на избори кои треба да значат наш легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, порача Деркоски.

Парламентарни избори 2020