петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Безредие во МВР, се распаѓа системот

Безредие во МВР, се распаѓа системот

Хаос и безредие се случува во Министерството за внатрешни работи.

Имено системот за сликање за лични карти, пасоши и возачки дозволи во полициската станица во Бутел често паѓа, па по цел ден не доаѓа никој од надлежните за  да го реши овој проблем.

Во петокот на 18 октомври, во 11 часот падна системот, а дефектот траел во текот на целиот ден.

Лицата кои имале закажано тој ден им било кажано да дојдат од понеделник, но за работата да биде уште полоша, денес понеделник 21 октомври, вработениот кој патем требаше да биде на своето работно место во 10 часот го немаше.

Луѓето кои имаа уредно закажано, но и тие кои беа препратени од петокот, беа пристигнати точно на време. Вработениот пристигна во 10:45, а поради тоа се направи голема гужва пред објектот на полициската станица во Бутел.

Коронавирус