сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Безбедноста на авионскиот и железничкиот сообраќај утре тема во Собранието

Безбедноста на авионскиот и железничкиот сообраќај утре тема во Собранието

Безбедноста во авионскиот, но и патниот и железничкиот сообраќај утре ќе бидат тема на собраниската Комисија за транспорт и врски.

Седницата е закажана по загриженоста за работењето на радарскиот систем на контрола на летање во Македонска навигација, превртениот воз со челик кај Черкези и неколкуте несреќи со автобусите кои се случија изминатиот период.

Пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  се согласија до крајот на денот да изготват заедника информација, видување на последните случувања по кои утре ќе треба отчет да дадат министерот за транспорт и врски, како и  директорите на агенцијата за цивилно воздухопловство, М Нав (Македонска навигација), Македонски железници и други.