петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И НА 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ: Со БМВ го прегазил познатиот скопски хирург и сакал да избега, еве ги деталите!

БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И НА 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ: Со БМВ го прегазил познатиот скопски хирург и сакал да избега, еве ги деталите!

Синоќа во 20 часот и 30 минути, познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булевар Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски Марко и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава Слободен печат.

Патничкото моторно возило БМВ Х6 било управувано од шеснаесетгодишник кој без дозвола го управувал патничкото моторно возило.

Според нашите информации возилото било со скопски регистерски таблички. Министерството за внатрешни работи го потврдува настанот. Неофицијално секој ден во Скопје полицијата пронаоѓа барем по 20 лица што без возачки дозволи возат низ градот.

Хирургот доктор Ѓорѓи Јота е на возраст од 58 години.

Неофицијално шеснаесетгодишникот сакал да избега, но полицијата го фатила во близина на трговскиот центар Рамстор.

Коронавирус