петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Без студ и снег: Каква зима не чека оваа година

Без студ и снег: Каква зима не чека оваа година

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година не чека блага зима со врнежи кои повеќе ќе бидат од дожд, отколку од снег.

Долгорочните прогнози велат дека првите мразови во Скопје може да се очекуваат дури некаде кон средината на ноември додека првите снегови некаде пред крајот на годината иако и тоа е под знак прашалник бидејќи долгорочните прогнози покажуваат дека условите ќе бидат подобри за врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите цел октомври и половина ноември температури под нулата воопшто нема да има. До крајот не месецот минималните утрински температури ќе се спуштаат не пониско од 8 степени, одека во текот на денот ќе имаме температури кои редовно ќе бидат над 20 степени, а во одредени денови и над 25.
Во ноември постудено време се очекува кон крајот на месецот. Во текот на целиот месец се очекува променливо време со почести врнежи од дожд. Температурите на почетокот на месецот ќе бидат близу 20 степени во текот на денот и околу 5 степени наутро.

Декември се очекува да биде постуден, но не како во некои години порано. Први услови за снежни врнежи се очекуваат пред Нова Година.

Сепак, треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат прецизни податоци туку само правец во кој би можело да се движат временските услови.

Коронавирус