четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 34
home Вести

Без струја денеска неколку скопски општини, дел од Аеродром без вода

Без струја денеска неколку скопски општини, дел од Аеродром без вода

Без електрична енергија денеска ќе бидат неколку скопски општини, додека прекин на водоснабдувањето ќе има во дел од општина Аеродром.

Во период од 8.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улица 21 и дел од улица 56 во општина Центар.

Без електрична енергија од 9.30 до 14.30 часот ќе бидат корисниците од село Ормани и село Никиштане во општина Ѓорче Петров.

Во период од 09.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат корисниците од местото викано Боринарец во Радишани.

Од 07.25 до 15.30 без струја ќе бидат корисниците од улица „Маџари”, улица 22, куќите околу стадионот Борис Трајковски, пунктот на ЈП „Водовод и канализација”, во општина Гази Баба.

Поради уличен дефект ф-80 на улица „Тодор Чангов” крак 41 број 1 во општина Аеродром, прекин на водоснабдувањето денеска од 08:00 часот ќе има дел од улицата „Тодор Чангов”, од крак 41 до крак 61.

Локални избори 2021