петок, 7. август 2020. Вести денес: 114
home Вести

Бети С. Трајковска: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање општествени услови за младите луѓе да ја градат својата иднина во сопствената земја

Бети С. Трајковска: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање општествени услови за младите луѓе да ја градат својата иднина во сопствената земја

Образовниот систем треба да се реформира, во моментов младите во Македонија се на маргините на општествениот развој, жално е тоа што тие не ја гледаат својата иднина во оваа држава. Затоа идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, СВЕСНА за потребата од нови решителни правци за надминување на проблемите на младите, нуди визија за создавање општествени услови новите генерации млади луѓе да ја градат својата иднина во сопствената земја, вели во интервју за „ПРЕС ЦЕНТАР“ кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стамнекоска Трајкоска.

1.Какво треба да биде учеството на жените во процесите на одлучување и креирање политики и дали сметате дека во истото тие се еднакво вклучени. Ќе се заложите ли да донесете напредок на тоа поле?

Ова се три прашања во едно. Но, да почнеме од почеток. Повикувајќи се на тоа дека Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (CETS бр. 210, Истанбулска конвенција) налага ﮼да се промовираат промени во социјалните и културните модели на однесување на жените и мажите со цел искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики кои се засноваат на идејата за инфериорност на жените или стереотипните улоги на жените и мажите”. Повеќе од јасно е дека жените треба да бидат активно вклучени во процесите на одлучување и креирање политики. Нашата партија предводена од претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски, дава силна поддршка на жените кои се организирани во најсилната организација во Република Македонија, а тоа е Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. 2019- та година Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP ) на Конгресот кој се одржа во Виена. Таа претставува јадрото кое ја симболизира македонската пркос, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска од говорницата на 18. годишна Конференција порача дека е горда на храбрите членки кои се преку 50.000 на број, но и на мрежата од 75 општински комитети што години наназад креирале политики, лансирале нови платформи, промовирале нови стратегии за родова еднаквост и застапеноста на жените во политиката. Како членка на ИК на УЖ, ние секогаш сме се залагале и ќе се залагаме за многу повеќе жени во политиката, а впрочем тоа и го докажуваме, па на овие избори 40 проценти на листите за пратенички се токму жените.

2. Како идна пратеничка во Македонскиот парламент дали сметате дека ќе најдете вистински партнери во сите партии не само во вашата, со која би можеле да се изборите за повеќе проекти кој би ја подигнале свеста кај младите за тоа каква е улогата на жената во општеството или пак тоа е тема за која нема надеж?Македонија има се, но нема живот и нема подобро утро. Затоа се вклучив во политиката. За мене не постои грд или убав човек, јас познавам добри и чесни луѓе, одговорни и неодговорни политичари, ама познавам жени кои се од различни етноси. Такви пријателки имам и никогаш не сум имала проблем да разговарам за горливите теми во Македонија. Мојата револуција е љубовта и разбирањето, стремежот кон подобро утре за нашите деца. Ние жените на ист начин сонуваме, на ист начин раѓаме, на ист начин страдаме, на ист начин се радуваме. Дури и во молитвите сме еднакви. Се молиме за нашите деца и блиски, за се што ни е длабоко во душата. Како идна пратеничка ќе се залагам за обединување кон нашите заеднички цели во ова време, невреме. Ние ќе мораме да бидеме идната трезвеност на нацијата, за подобра иднина на Република Македонија. Оттука, треба да испратиме јасна порака дека нам ни е потребно обединување на спротивставените политички светогледи во Република Македонија пред националните интереси на татковината. Ние како партија нудиме многу мерки и проекти за младите, зашто сме свесни дека без нашите деца, нема иднина на државата. Нашата визија е ОБНОВАТА!

3. Вие сте професорка во средно училиште и како човек кој е постојано меѓу млади луѓе, кои се трите најголеми проблеми со кои се сретнуваат младите денес ?

Не само три има многу повеќе проблеми. Самиот образовен систем треба да се реформира, Во моментов младите во Македонија се на маргините на општествениот развој, жално е тоа што тие не ја гледаат својата иднина во оваа држава. Затоа идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, СВЕСНА за потребата од нови решителни правци за надминување на проблемите на младите, нуди визија за создавање општествени услови новите генерации млади луѓе да ја градат својата иднина во сопствената земја. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ предвидува реализација на следниве мерки:

-Обезбедување услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години.

-Современо образование кое ги подготвува младите за потребите на пазарот на труд и подобрен студентски и ученички стандард.

-Млади кои активно ќе учествуваат во донесување одлуки

-Можност за ангажирање на средношколци за сезонска работа

-Култура и спорт по мерка на младите.

Ние предвидуваме сет мерки за вработување, претприемачка иницијатива на млади. Онлајн младинска платформа, енергетски студенски и ученички домови, стимулација на ученички таленти и уште многу мерки на кои се обврзуваме во нашата програма.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА

Коронавирус