сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Вести

„Best Way Investment“: Донираните 5.300 најмодерни тестови се помош за македонските граѓани во битката против вирусот

„Best Way Investment“: Донираните 5.300 најмодерни тестови се помош за македонските граѓани во битката против вирусот

Основното начело на брендот е “Создаваме трајни вредности”, а ние во овој момент сме убедени дека трајна вредност е солидарноста и хуманоста, се вели во реакцијата на Best Way Investment.

-Здравјето на нашите граѓани е приоритет на Best Way Investment и затоа одлучивме да набавиме и да донираме 5300 најмодерни тестови кои според здравствените експерти од САД се едно од најмоќните оружја во втората фаза од битката против корона вирусот, односно постепеното реотварање на економијата, стои во реакцијата.

Од таму додаваат дека тестовите кои ги произведува компанијата Abbott се последниот збор на науката, а Македонија ќе биде привилегирана да биде една од првите земји кои ќе ги добијат.

-Сакаме да нагласиме дека станува збор за донација за Македонија и граѓаните, а не за донација или помош на министер и политичар. Истите наслови кои излегоа во неколку медиуми се погрешни. Тестовите се помош за граѓаните, се заклучува во реакцијата.

Коронавирус