понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 133
home Вести

Бесрамна партизација во одборите: Тоновски претседател на НО на ПОЦ и член на УО на „Улици и патишта“

Бесрамна партизација во одборите: Тоновски претседател на НО на ПОЦ и член на УО на „Улици и патишта“

Продолжува бесрамната партизација во управните и надзорните одбори од страна на Зоран Заев, Петре Шилегов и СДСМ.

Како благодарност за успешно завршените партиски задачи што ги имаат направено членовите на СДСМ речиси сите управни одбори се брутално наполнети со партиски војници.

Освен ова како благодарност некои од партиските послушници се “наградени“ со повеќе места во управните и надзорните одбори. 

Влатко Тоновски е еден од примерите како партиските војници на СДСМ се вдомуваат во два, три па и повеќе управни одбори. Од она што може да се забележи Томовски моментално е претседател на Надзорниот одбор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Во исто време Томовски е дел од управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“.

Додека голем дел од македонските граѓани мака мачат да го поминат месецов во овие тешки денови и кога платата во Македонија е најниска во регионот, спротивно на тоа што го кажуваше Заев дека ќе се зголемат платите, за партиските членови на СДСМ нема никакви проблеми барем кога се работи за пари.

Дополнителна предност на овие управни и надзорни одбори е тоа што ова се дополнителни приходи на партиските војници на СДСМ.

Нив им е дозволено да си имаат и друга работа или работа во државна администрација а овие пари што доаѓаат од управните одбори им се сметаат како дополнителен приход. Како и на кој начин овие партизирани луѓе се местат да бидат во управните и надзорните одбори никој не знае, ама по она што може јавноста да се види единствен критериум е партиската книшка на СДСМ. Сепак животот дојде, но не за сите. 

Коронавирус