петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бесплатно скијање за деца во ски-центар Маврово

Бесплатно скијање за деца во ски-центар Маврово

Ски центарот Маврово, денес и утре, ги поканува сите ученици на бесплатно скијање и чист воздух додека не се вратат во училишните клупи.

-Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово, вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари. Во текот на вчерашниот ден, сите деца скијаа бесплатно во Ски центарот Маврово.

Коронавирус