вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 124
home Вести

Беше ли избегнат АТЕНТАТ врз Пендаровски на Денот на независноста?

Беше ли избегнат АТЕНТАТ врз Пендаровски на Денот на независноста?

Триесeт години независност, триесет години слободна, независна, суверена македонска држава… но дали и позрела?!

Во овие триесет години доживеавме многу подеми и многу падови, доживеавме транзиција, војна, атентати на двајца претседатели, членство во НАТО…

Овој триесет годишен јубилеј од независноста беше организиран со строги ковид протоколи, улиците беа затворени, столчиња беа наредени од Црвен крст, па се до Триумфална порта на скопскиот плоштад.

Македонскиот политички врв на чело со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на владата Зоран Заев, пратеници, дипломатски кор, бизнисмени… беа присутни на оваа прослава.

Многу припадници на полицијата, армијата, членови на обезбедувањето на политичарите беа распоредени долж трасата на која се одржуваше манифестацијата за Денот на независноста. Но, во еден момент како сите овие да заспаа! Имено на оваа манифестација се случи еден клучен безбедносен пропуст за кој во други држави би „летале оставки“ истиот ден.

Говор на оваа прослава имаа претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски. Токму кога требаше да говори Стево Пендаровски се случи огромен безбедносен пропуст, па истиот можеше да биде кобен по животот на претседателот. Токму на денот на македонската независност, кога Македонија одбележуваше триесет години од својата независност можеше да се случи атентат врз шефот на државата!

Во моментот кога претседателот Пендаровски се движи кон бината на која требаше да одржи свечен говор, во еден миг позади него, во непосредна близина поминува човек на велосипед: До првиот човек на државата не се наоѓа ниту еден член на неговото обезбедување, а по безбедносен протокол за обезбедување на ВИП личности, до него во тој момент морало да има минимум четири лица кои ќе го обезбедуваат. Но, како човекот со велосипед успеал да помине покрај сообраќајната полиција и како ниту еден од нив не јавил по врска велосипедистот да биде сопрен од останатите нивни колеги?

Извори на КУРИР кои биле во непосредна близина на бината каде седеле ВИП личностите не’ инфоримираа дека во моментот кога било забележано лицето на велосипед од страна на обезбедувањето на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз веднаш бил направен кордон околу неа, по се изгледа плашејќи се дека ова е обид за атентат врз претседателот на државата.

Откако велосипедистот го одминал Пендаровски, видно вознемирен бил и Зоран Заев, но и Оливер Спасовски. Спасовски, откриваат нашите извори кои биле на лице место, истиот момент станал и со висок тон се обратил кон одговорните за обезбедување на местото, а изворот вели дека министерот за внатрешни работи им се заканил и со откази од работното место.

Одговорност за овој настан мора да има, но залудно ќе беше доколку тој ден се случеше уште една катастрофа, пред таа во Тетово.

Беше ли избегнат АТЕНТАТ врз Пендаровски?

Звучи сериозно, но целата ситуација и е многу сериозна!

Имено доколку навистина беше обид за атентат врз шефот на државата, атентаторот со голема леснотија ќе го совладаше, со пиштол, нож или пак со елек-бомба, каде можеа да настрадаат и останатите гости.

Безбедносните пропусти кои беа направени дента, само ја покажуваат ранливоста и нефункционалноста на системот, за кои актуелната власт ги убедува граѓаните дека функционира. Ако покрај толкаво обезбедување на тој ден, обичен велосипедист успее без никаков проблем да му се приближи толку блиску на претседателот на државата, што останува да мисли обичниот граѓанин за неговата безбедност и дали треба секој од нас да биде загрижен кога излегува од својот дом?

Редакцијата на КУРИР побара одговори на повеќе прашања во врска со безбедносниот пропуст од Министерството за внатрешни работи и од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но до објавување на овој текст одговори не добивме.

Коронавирус