среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 16
home Вести

БЕСА на Касами против предлогот Република Илинденска Македонија

БЕСА на Касами против предлогот Република Илинденска Македонија

Од Движење Беса на Биљал Касами велат дека прашањето околу спорот за името со Грција треба што поскоро да има разрешница со цел да се отвори патот на Македонија кон членство во НАТО.

Во однос на предлогот, кој според нив го прифатила и Грција, Република Илинденска Македонија, од БЕСА излегоа со став дека ова име не ја одразува мулти-конфесионалната реалност.

-Свесни сме дека новиот предлог асоцира на Крушевската Република, што за нас од историска гледна точка не е воопшто спорно, туку употребата на називот Илинден асоцира на денот кога е прогласена Крушевската Република и денот кога се прославува верскиот празник Св.Илија – кој е верски назив кој ги негира другите верски заедници кои живеат во земјава, освен православната, со што наидуваме на ситуација која е во спротивност со мулти-конфесионалниот карактер на РМ, велат од Беса.

Коронавирус