среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Беса Адеми избрана за нова претседателка на Врховен суд

Беса Адеми избрана за нова претседателка на Врховен суд

Судскиот совет на Македонија денеска на седница го избра новиот претседател на Врховниот суд.

Се работи за судијката Беса Адеми која е избрана со дванаесет гласа „За“ и еден „Против“.

„Донесена е Одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за Претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ“, пишува во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет.

Кандидати за местото претседател на Врховен суд беа врховните судии Беса Адеми, Лидија Неделкова и Џемали Саити.

ЕУРО 2020

Македонија