четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Белите мантили на протест: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Белите мантили на протест: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Во кругот на Клинички центар, во организација на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, се одржа получасовниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тие до власта испорачаа неколку барања и дадоа рок тие да се исполнат. Во спротивно, како што рекоа, следниот протест ќе трае неограничено, до нивно исполнување.

Нивните барања се: да се воспостави систем на заштита на медицинскиот персонал и на лекарите, полициски патроли пред критичните здравствени центри и видео надзор секаде каде што е возможно, законски да се санкционира секој напад, да се вклучат сите асоцијации во планирањето и организирање на здравствени политики и организација на ефикасен систем за санкција на несоодветен и непрофесионален однос од страна на здравствените работници.

Како што информираа од Синдикатот, насилството врз докторите и медицинските сестри е рецидив од минатото, но актуелниот министер Венко Филипче не направил ништо за спречување на насилството. Во изминатите 9 месеци, здравствените работници се соочиле со вкупно 15 физички напади од кои 2 минатата недела. Едниот напад се случи на клиниката во Тетово, а другиот во здравствената установа во Драчево каде беше нападната 60 годишна медицинска сестра. Напад врз медицински работници се случи и во градската болница „Св. Наум Охридски“, каде роднини на пациент физички го нападнаа персоналот.

Меѓу присутните на протестот беше и министерот за здравство Венко Филипче, претставници на синдикатот на Клинички како и претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

Медицинарите протестираа во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“, како и пред ГОБ „8 Септември“, пред Градска болница „Св.Наум Охридски“, пред поликлиниките и здравствените домови, ординациите и медицинските пунктови.

Најнови вести

Коронавирус