вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 51
home Вести

Белградска „Политика“: Промената на името да се протурка во Парламентот со притисоци, само ќе го засили отпорот на Македонците

Белградска „Политика“: Промената на името да се протурка во Парламентот со притисоци, само ќе го засили отпорот на Македонците

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“.

„Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да станат северни јужњаци, релативизирањето на резултатите на референдумот којшто лаконски беше оценет за консултативен, со дипломатски притисоци промената на името да се протурка во парламентот, само ќе го засили отпорот на Македонците“, пишува Александар Апостоловски во коментарот на „Политика“.

Во коментарот се оценува дека „македонското гласачко тело е поделено на две длабоко завојувани страни, коишто пролеаја крв во Собранието, додека во позадина Албанците спокојно порачуваат, седејќи во Тиранската платформа, дека тие се единствените искрени американски сојузници“.

„Многумина ќе речат дека Македонците не ја искористија историската шанса експресно да влеззат во НАТО и да почнат преговори со ЕУ по 27 години. Можеби балканската ирационалносто повторно го победи прагматизмот“, се заклучува во текстот.