понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 153
home Вести

Белески: По обелоденување на сликите од битолската болница, Филипче веднаш да поднесе оставка

Белески: По обелоденување на сликите од битолската болница, Филипче веднаш да поднесе оставка

„Јас тие фотографии ги добив некаде на пладне, кога ги видов таквите морбидни фотографии како што и многумина коментираа дека изгледа како на хорор филм, а всушност се вистина. Се решив да ги објавам на мојот Фејсбук профил кои што го пратат многу луѓе и нормално тоа стана ете за некои си препукување, а некои се сожалуваа со мртвите, а многу од нив исто како и мене бараа оставка од министерот Филипче“, истакна Васко Белески во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ коментирајќи ги сликите од болницата од Битола.

Белески додаде дека барање на оставка од Филипче е многу нормално во една демократска држава, кога ќе се појави скандал како што е со сликите од битолската болница.

„Можеле да постават паравани барем да не се гледаат, тоа е приемно одделение и тука би требало секој од пациентите да добие храброст дека ќе биде добро, дека ќе оздрави и дека е во сигурни раце. Сето тоа не се случува. И зошто јас ги објавив овие фотографии? Не на крај краиштата да покажуваме и гледаме сеит како што се вика, туку да обрнеме внимание дека вака повеќе не оди и не може. Некој мора да сноси одговорност, и јас не знам како поинаку да кажеме, ако не кажеме јасно и гласно дека тој што е одговорен, а тој е министерот Венко Филипче треба да си поднесе оставка“, нагласи Белески.

Белески посочи дека не е нормално во иста просторија каде што примаш инфузија да лежи до тебе мртовец.

Коронавирус