понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Бектеши призна дека мерките не вродиле со плод бидејќи власта погреши во самото нивно креирање

Бектеши призна дека мерките не вродиле со плод бидејќи власта погреши во самото нивно креирање

Министерот за економија Крешник Бектеши, при своето гостување во „Вин вин“ на телевизија Телма призна дека имаат направено грешки при носење на четири пакет мерки за ублажување на економската криза во Македонија.

Самиот министер кажа дека мерките не вродиле со плод, бидејќи сториле грешки при креирање на истите.

„Наша грешка може и грешка на бизнис секторот генерално, е што и во првата Уредба и после во законското решение за финансиска поддршка на исплата на плати е предвидено механизам да компаниите ќе бидат поддржани финансиски од страна на Владата во делот на исплата на плати, ако во текот на 2020-тата година покажале позитивни резултат, да имаат обврска оваа година дел од тие средства да ги вратат назад до државата“, рече Бектеши.

Бектеши додаде сега на некаков си начин истата опција ја предлагаат, што не значи дека е финална, но треба да се седне со стопанските комори.

Коронавирус