вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Вести

Бектеши: Мерката „МојДДВ“ има големо значење не само за граѓаните, туку и за целокупната економија

Бектеши: Мерката „МојДДВ“ има големо значење не само за граѓаните, туку и за целокупната економија

Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ има големо значење не само за граѓаните, туку и за целокупната економија. За граѓаните е важно зашто на крајот на годината дава можност за плата плус во секое семејство, но за економијата ќе значи намалување на сивата економија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска се приклучи на „МојДДВ“ караванот и скенираше фискална сметка на промотивниот штанд кај супермаркетот „Тинекс“- „Раде Кончар“ во Скопје.

Бектеши рече дека граѓаните со барање на фискални сметки и нивно скенирање на апликацијата „МојДДВ“ ќе бидат еден вид инспектори, што според него ќе значи дека директно ќе влијаат на намалување на сивата економија и на повеќе пари во буџетот на државата.

Додаде дека поголемиот буџет од друга страна ќе значи и поголема поддршка за домашниот бизнис, што ќе резултира со отворање на нови работни места, поголеми плати и подобар животен стандард за граѓаните.

-Намалувањето на сивата економија е клучно за подобрување на бизнис климата во земјата, односно за создавање на предвидлив амбиент за компаниите кои што работат во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали се домашни или странски, додаде Бектеши.

Министерот ги повика граѓаните да скенираат фискални сметки и да ја користат апликацијата „МојДДВ“ бидејќи, како што посочи, со тоа ќе придонесат не само за раст на економијата, туку и за домашниот буџет. Досега се скенирани над 4 ипол милиони фискални сметки