недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бектеши дрско контра Групацијата на угостители: Мерките биле доволни и важеле за сите

Бектеши дрско контра Групацијата на угостители: Мерките биле доволни и важеле за сите

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, дебата помеѓу Мартин Анѓеловски од Групацијата за угостителство и министерот за економија Бектеши Анѓеловски истакна дека не е лажна бројката на отпуштени работници, тоа се податоците со коишто тие располагаат, наспроти тврдењата на директорката на Агенцијата за вработување во емисијата којашто истакна одречно дека не точно дека има толку масовни одјавувања од АВРМ.

Анѓеловски истакна дека мерките не се правични и со нив не се опфатени сите, и има работи коишто во пракса не се спроведливи. -Било кој стопанственик којшто користел било каква мерка од државата, сега нема да може да ги користи новите мерки, мерките треба да бидат правични и да важат за сите, нам ни треба бруто плата за вработените, вели Анѓеловски. Министерот за економија Крешник Бектеши се спротивстави на ваквите тврдења и прво истакна дека само во угостителскиот сектор биле вработени 30.000 луѓе, а во однос на мерките вели се немало интерес да се дообјаснат мерките. Тој вели дека компаниите биле заинтересирани за мерките и истите важеле за сите.

Наспроти тврдењата на Аѓеловски дека не се опфатени сите фимри, Бектеши вели дека тоа биле фирми кои работеле под сива економија. Анѓеловски истакна дека 800 фирми аплицирале за мерките, а само стотина фирми до сега ќе добијат помош, Бектеши се спротивстави на тоа и рече дека досега 130 фирми биле обработени, Анѓеловски праша како ќе добијат сите кога фондот е 5,7 милиони. Угостителскиот сектор не бара задолжувања, ние не баравме кредити, дали угостителскиот сектор има кондиција да се задолжи и да издржи до крајот на кризата, дали е направена анализа дали може да се издржи, дали е направена анализа за трошоците на фирмите, нам не ни треба задолжување нам ни треба директна помош, таа бруто плата како прво барање е за вработените, баравме и затезните камати да се одложат, како и да се одложат давачките кон државата, вели Анѓеловски. Бектеши на ова одговори дека групацијата не учествувала во телата за координација и овие нивни барања не биле доставени до надлежните институции. -Не би кажал дека мерките не се доволни за овој сектор, вели Бектеши.

Коронавирус