недела, 16. мај 2021. Вести денес: 58
home Вести

Бејта за Спасовски е другар со кој ја договарале новата влада, а за родителите од Монструм човек кој се слушал со убијците на децата

Бејта за Спасовски е другар со кој ја договарале новата влада, а за родителите од Монструм човек кој се слушал со убијците на децата

-Ако СДСМ со сите свои капацитети расположливи сили и со секој свој член, поддржувач и симпатизер го рушеше режимот на Груевски, Невзат Бејта беше еден од луѓето што исто така рамо до рамо со нас со сите битки го рушеше режимот на Груевски, ова во октомври минатата година за време на локалните избори го изјави Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи.

Тој вели и дека тоа не било лесно и по завршувањето на парламентарните избори во 2016 година.

-Започнавме преговори кои што долго траеја, се собравме неколку луѓе кои со длабока верба дека можеме нешто добро да направиме за Република Македонија. Тука беше Изет Меџити, Теута и тука беше Невзат Бејта, заеднички од првиот до последниот ден единствена цел ни беше како да направиме нешто добро за нашата Македонија. Се кршеа многу копја, меѓутоа никогаш овие луѓе не се посомневаа дека може да имаме нова влада во Македонија, реформска влада која што ќе го замени режимот, влада која ќе ја формираме за доброто на Република Македонија, истакна Спасовски.

Тој додава и дека сите заедно констатирале дека и покрај сите тешкотии кои што ги имале повторно успеале.

-На првиот состанок Бејта ми рече „ќе биде другар многу тешко“, ама ние ќе победиме. Јас денеска велам ќе биде тешко на 29 и ние ќе победиме, тогаш велеше Спасовски.

Инаку Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, неодамна на едно од рочиштата за случајот Монструм се обрати пред судот.

И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината.

Најнови вести

Коронавирус